Ликот на Чорбаџи Теодос
Чорбаџи Теодос е скопски чорбаџија, кој живеел во турско време. Низ неговиот лик е претставена возвишеноста и умисленоста на луѓето кои се на било каква власт, во овој случај чорбаџиите. Низ комични ситуации, Теодос е претставен како многу арогантен и непредвидлив човек. Тој сака сите да бидат околу него и да го служат, ужива во заповедување на луѓето. На ближните, па и на послугата во неговата куќа им одговара многу арогантно, ги навредува и омаловажува. Неговиот збор секогаш треба да е последен, а зборот на другите околу него - небитен. Тој е можеби еден од најпедантните луѓе што некогаш ќе ги сретнете, се' треба да биде перфектно и совршено, без никаква најмала грешка или дисфункција.
Авторот, неговото лице го опишува како намуртено, со црни и густи веѓи, збрчкано и смрштено чело, и секако, без никаква ведрина или насмевка. Страшниот чорбаџија ретко, скоро никогаш, не можел да се види насмеан и среќен, туку најчесто во расправање и викање на другите луѓе.
Авторот, неговото лице го опишува како намуртено, со црни и густи веѓи, збрчкано и смрштено чело, и секако, без никаква ведрина или насмевка. Страшниот чорбаџија ретко, скоро никогаш, не можел да се види насмеан и среќен, туку најчесто во расправање и викање на другите луѓе.
Но, чорбаџијата се наоѓа во шокантна ситуација за него. Син му е заљубен во Стојанка, која Теодос милува да ја нарече ,,ѓупка" и остро се спротиставува на идејата син му да се ожени со таа ,,валкана" девојка, смета дека тоа е голем срам. Од друга страна пак, слугата Спиро го мести во една непријатна ситуација, каде тој ќе мора да стане кум на неговите најомразени, ромите. Му се случува најголемиот кошмар, и во тој момент бестрашниот и силен Теодос мора да се откаже од некои негови привилегии и да ги преиспита своите одлуки, за да се спаси самиот себеси.
Comments
Post a Comment