Коала
Коала е австралиски тревопасен торбар.
Коалата ги населува крајбрежните региони на источна и јужна Австралија. Коалите во јужна Австралија скоро исчезнале во текот на 20 век поради интензивно ловење.
Коалата се храни скоро само со листови евкалиптус кои имаат мала количина на протеини.
Коалата има многу спор метаболизам па затоа се одмара од 16-18 часа дневно, главно преспивајќи го поголемиот дел од времето.
Коалите трошат 3 од 4 активни часови хранејќи се. Хранењето може да се случува во било кој дел од денот но вообичаено е во текот на ноќта. Коалите конзумираат околу 500 грама листови евкалиптус дневно. Ги ситнат со забите сè додека не станат фина смеса па дури тогаш голтаат. Нивниот црн фроб ги деактивира токсичните материи кои после овој процес се подготвени за исфрлање надвор од организмот.
Според надворешниот изглед, коалата е најслична со вомбатот но има подебело крзно, многу поголеми уши и подолги нозе со големи и остри канџи прилагодени за качување по дрва. Тежината им варира од околу 14 килограми кај поголемите, јужни машки примероци до 4 килограми кај помалите северни женки.
Коалата е еден од ретките цицачи која има отпечаток од прстите. Всушност, отпечатокот е толку сличен со човековиот што дури и под микроскоп е тешко да се разликуваат.
преземено од Википедија*
Comments
Post a Comment